Зошто ни се јаде после пиење?

Научниците мислат дека знаат зошто сендвичарите и пицериите имаат бенефит откако ќе затворат баровите, и како да го контролираат нашиот мозок, исто како и нашиот стомак.

Една нова студија покажала дека алкохолот активира одреден протеин во мозокот, кој е поврзан со апетитот, и тоа може да биде причина за тоа што посегнуваме по храна после пиење.

За да ја откријат оваа причина, научниците од Институтот Френсис Крик, Велика Британија, инјектирале алкохол во стомакот на глувци еднаш дневно, во текот на три дена. Дневниот износ на алкохол инјектиран во глувци бил приближно еднаков на две шишиња вино или десет пива, во сооднос на луѓе.

Во текот на три дена, глувците од двата пола јаделе 25 посто повеќе отколку другата група глувци на која не и било дадено алкохол. Зголемениот апетит на глувците се манифестирал на вториот ден.

Во прилог на мерење на количеството на храната што ја јаделе глувците, истражувачите ја испитувале активноста на неврони во мозокот на глувците – (AgRP) протеин кој претходно бил поврзан со нивниот циклус на исхрана.

Кога овој протеин е активиран, глувците имаат повеќе апетит, а кога е деактивиран глувците имаат тенденција да запрат со јадење.

Тимот забележал поголема активност на невроните кога на глувците претходно им било дадено алкохол, што укажува на врската помеѓу двете работи. Во втора ситуација кога ефектите од „AgRP“ биле потиснати, се прекинала врската и ефектот од алкохолот врз апетитот веќе не била забележлива.

Научниците не можат сеуште да бидат сигурни, дали истата активност се јавува кај луѓето кога пијат повеќе, но ние имаме исти „AgRP“ неврони кои го контролираат нашиот мозок, па оттука не е ни чудо дека ова е доста веродостоја идеја.

Претходните истражувања, фокусирани на исхраната на луѓето после пијанство, откриле само дека алкохолот го прави нашиот мозок по чувствителен на мирисот од храната, но последните наоди имаат повеќе материјал на оваа тема.

За самите научници, прејадувањето после пиење подолго време било мистерија. Ако земеме во предвид дека алкохолот и онака е богат со калории кои вообичаено ги потиснуваат сигналите за апетит на мозокот, останува дилемата, како може нешто што ве заситува во исто време да ве прави гладни?

Поддржете ја нашата работа: