Зошто се плашиме од змии?

Иако повеќето змии не се опасни за човекот, нашиот страв од змиите сепак е многу голем. Зошто сите толку многу се плашиме од змиите?

Офидиофобија – страв од змии и херпетофобија што претставува општо страв од влекачи и водоземци се најчестите фобии што ги имаат луѓето. Не може да се одрече дека змиите се навистина морничави. Но постојат и многу други подеднакво застрашувачки работи, па зошто тогаш луѓето најмногу се „вадат од памет“ баш од змиите.

Психолозите го истражувале овој страв од змии и откриле дека и возрасните и децата лесно ги издвојуваат сликите од змии од останатите слики од природата што прикажуваат слики од жаби или цвеќе, на пример, што укажува дека препознавањето е длабоко вкоренето во нашиот инстинкт за преживување.

Во едно истражување направено во 2014 година на 24 жени од Норвешка на возраст помеѓу 18 и 31 година им биле покажувани различни фотографии и во исто време со помош на ЕЕГ им била мерена мозочната активност. Сликите од змии и пaјаци предизвикале значителна мозочна активност во делот од мозокот за визуелно процесирање. Но, истражувањето што беше објавено во „Biological Psychology“, укажува дека нашиот страв од пајаци повеќе е стекнат отколку вроден, бидејќи пајаците ни приближно не претставуваат историска закана за нашата безбедност, како што се змиите.

За да бидат предатори, на змиите им недостасуваат неколку атрибути. Тие немаат нити нозе за да го бркаат пленот, нити шепи за да го соборат, нити канџи за да го зграпчат, но ниеден од овие недостатоци не е многу важен, бидејќи еволуцијата им го подарила на змиите најопасното оружје – отровот.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt