Неколку видови луѓе во праисторијата живееле во Африка на иста почва. Како е можно само хомо сапиенсот да преживеал?
Хомо сапиенсот се појавил пред околу 200.000 години, кога постоеле неколку видови хоминиди, но денес ние сме единствените на Земјата. Зошто токму ние успеавме да преживееме, а сите наши древни роднини изумреле?
Пред сè, важно е да се истакне дека исчезнувањето на одредени видови е нормален дел од еволуцијата. Во таа смисла, не е чудно што други видови, слични на човекот, изумреле.
Постојат неколку индиции зошто некои од нашите роднини имале помалку среќа од нас. Пред неколку милиони години, кога на Земјата живееле многу видови хоминини, тие главно јаделе растенија.
„Нема докази дека тие систематски ловеле поголеми животни“, вели Џон Ши од Универзитетот Стони Брук во Њујорк.
Сепак, условите се промениле и хоминините се преселиле од шумите во сувите огромни савани и станале месојади. Проблемот е што и животните имале помалку растенија за јадење, така што генерално, имало премалку храна за секого. Како резултат на тоа, многу видови исчезнале.
„Човековата еволуција претвори некои видови во месојади, па би било логично да има помалку“, вели Џон Ши.
Сепак, иако ова имало влијание врз намалувањето на бројот на видовите, не може да објасни зошто во светот останал само еден – Хомо сапиенс.
Пред 30.000 години, на Земјата покрај современите луѓе живееле уште три видови: неандерталците во Европа и западна Азија, Денисонците во Азија и таканаречените „хобити“ на индонезискиот остров Флорес.
„Хобитите“ веројатно живееле до пред 18.000 години, а од лицето на земјата биле избришани со голема вулканска ерупција. (Живеењето во изолирани средини, како островските видови, е подложно на исчезнување поради природни катастрофи).
Не е познато зошто Денисовците биле истребени. Од нив останало само една мала коска од прст и два заба. Сепак, знаеме многу повеќе за неандерталците бидејќи се пронајдени многу фосили од овие наши предци.
„За да откриеме зошто постои само хомо сапиенс во светот, мора да откриеме зошто изумреле другите видови“, велат антрополозите.
Според Жан-Жак Хублин од Институтот за еволутивна антропологија, Макс Планк во Лајпциг, археолошките докази сугерираат дека неандерталците биле едноставно потиснати од зголемениот број современи луѓе.
Тие живееле многу пред нас и веќе биле во Европа кога ние сме почнале да ја населувавме. До моментот кога современите луѓе се населиле на Стариот континент пред околу 40.000 години, неандерталците живееле таму повеќе од 200.000 години и успеале да се прилагодат на студената клима. Носеле топла облека, биле одлични ловци и имале софистицирани камени алатки.
Сепак, климатските промени ја погодиле и Европа и неандерталците не можеле да издржат. Ним не им пречела толку температурата колку промената на средината и изумирањето на бројните видови кои ги ловеле и од кои живееле.
Покрај тоа, современите луѓе имале подобри алатки, па дури и симболични уметнички дела, што укажува на тоа дека луѓето разменувале информации меѓу различни културни групи и на тој начин ги одржувале општествата заедно.
Десетици илјади години пред да ги развиеме сите овие способности, современите луѓе и другите хоминини имале речиси еднакви шанси за преживување. Сепак, нешто довело до тоа хомо сапиенс да основа цврсти општества и да стане способен за апстрактно размислување, што му дало предност пред останатите.
Како што растела популацијата на современите луѓе, сè помалку место останувало за другите видови, и на крајот тие сосема исчезнале.
Значи, од таа гледна точка, можеме да се заблагодариме на сопствената креативност за опстанокот. Сепак, постои уште една можност што не можеме да ја игнорираме – дека човекот ги преживеал сите овие турбуленции сосема случајно. Можеби неандерталците само го извлекле подебелиот крај.