Произведуваме 21% помалку храна отколку што би произведувале ако климата останеше иста како во шеесеттите

Проблемот со климатските промени би требало да го решиме веднаш доколку сакаме да избегнеме катастрофална штета за идните генерации.

Продуктивноста на глобалното земјоделство е за 21 процент пониска од пред 60 години, мерена според нивото што можеше да се случи доколку немаше климатски промени. Со други зборови, произведуваме 21% помалку храна отколку што би произведувале ако климата останеше иста како во шеесеттите години од дваесеттиот век.

‘И покрај напорите и напредокот во обидот да се нахрани се поголем број од светска популација, според студијата направена од научници од престижниот американски универзитет Корнел, како да сме притиснале на копчето пауза.

Научниот труд под наслов „Антропогените климатски промени го забавија растот на глобалната земјоделска продуктивност“ беше објавен во списанието Nature Climate Change, дел од престижното семејство Nature, кое неодамна наполни десет години.

Споменатите 21 процент помалку принос практично го откажаа зголемувањето на тој принос во последните седум години, односно целата модернизација и научен напредок во подобрувањето на земјоделството и неговата ефикасност во тој период.

Се чини дека вакви вести се објавени повеќепати, но секогаш истите се проекција во врска со климатските промени на еден или друг начин, а науката ретко се занимавала со ефектите досега или споредувајќи го претходното производство со производството како што може да биде да не беа климатските промени. А за тоа станува збор во оваа студија.

– Откривме дека климатските промени имаат уништено околу седум години подобрувања во земјоделското производство во последните 60 години. Тоа би било приближно исто како да притиснете пауза во 2013 година и со тоа да ги запрете сите подобрувања. Антропогените климатски промени веќе не успоруваат – рече економистот Ариел ОртизБобеа, вонреден професор на Школата за применета економија и менаџмент на Универзитетот Корнел, Чарлс Д.Дисон, кој е исто така водечки научник кој стои зад ова истражување.

– Кога се фокусиравме на одредени делови од светот, сфативме дека историското влијание на климатските промени е поголемо во областите што се веќе екстремно топли, како што се делови од Африка, Латинска Америка и Азија. Човекот веќе го смени климатскиот систем бидејќи Земјата е веќе 1 степен Целзиусов потопла отколку што би била без стакленички гасови. За многумина, климатските промени се туѓ проблем, но тие веќе имаат ефекти. Треба да се посветиме на решавање на овој проблем веднаш за да избегнеме штета за идните генерации – рече ОртизБобеа.

– Продуктивноста е всушност пресметка на односот на влезните и излезните фактори, а во повеќето индустрии растот се добива со зголемување на инпутот. Претходно, земјоделската продуктивност не беше земена предвид при пресметките на продуктивноста во земјоделството и сакавме да видиме трендови што ќе го вклучат тој фактор што е надвор од контролата на производителот, земјоделецот – рече Роберт Г. Чемберс, професор по економија на производство на Универзитетот во Мериленд и коавтор на студијата.

Се покажа дека иако земјоделството станува сè пософистицирано и механизирано, неговата чувствителност на временските услови не исчезнува. Ефектите на технологијата преку подобри пестициди и хибридни култури сè уште не се сметаат за подобра отпорност на времето. Исто така, при анализа на ефикасноста во земјоделството, треба да се погледне целиот производствен синџир кој вклучува количина на работна сила, заедно со други фактори, а времето исто така различно влијае на одделните култури.

Добиениот заклучок е всушност многу логичен: колку е потопло, толку е потешко ефикасно да се занимавате со земјоделство. Во зависност од прегледуваната област, може да има зголемување на бројот на поплави или зголемени суши. Потоа, тука е факторот на непредвидливост на времето, што го ограничува земјоделецот да го испланира производството за да биде најефикасно.

Едноставно, невозможно е да се знае каков ќе биде резултатот од одлуката да се засади нешто во јуни по шест месеци, а на оваа продуктивност може значително да влијаат рандом или претежно непредвидливи настани како што се временските услови. Кога ова е изразено во конкретни проценти, тогаш може да се види дека во потоплите региони како Африка, Латинска Америка или Карибите, растот на производството забавил од 26 до 34 проценти.

Ние сме во групата земји кои имаат забавување од 15 до 20 проценти. Јасно е дека ова забавување има директен ефект врз потребата да се обезбеди доволно производство на храна за десет милијарди луѓе, колку што се очекува да има на Земјата до 2050 година.

Поддржете ја нашата работа: