11-годишно девојче составува безбедни лозинки со помош на коцки

Лозинките може навистина да претставуваат проблем. Оние кои лесно се помнат, може лесно да се погодат, додека оние подолгите и посложените можеби се посигурни, но понекогаш едноставно не може да се запомнат.

Па како тогаш, ако немате посебно познавање на енкрипција, да смислите сигурна комбинација која лесно ќе ја запомните?

11-годишната Мира Моди од Њујорк го има одговорот на тоа прашање и го продава за исклучително прифатлива цена. Мира започнала свој мал бизнис, поточно веб сајт, за кој генерира случајни криптографски безбедни лозинки со помош на коцки и ги испраќа по пошта (во САД се разбира) за само 2 долари.

Моди ги составува лозинките со помош на системот „Diceware“ во кој случајна секвенца на неповрзани зборови се нанижани заедно. Како што објаснува таа на својот сајт, таа врти коцка 5 пати и го запишува секој број што ќе го добие. Потоа го бара тој петоцифрен број во листата на зборови на „Diceware“. Откако тоа ќе го повтори неколку пати, добива комбинација од 6 зборови кои се сосема случајни и непредвидливи, и релативно лесни за помнење со оглед на фактот дека листата на зборови е составена од секојдневни зборови.

enauka.mk
9,242наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.