25 години од првиот веб сајт на светот

Првиот веб сајт на светот е создаден на 20 декември 1990 година, од страна на Тим Барнерс-Ли, научник во истражувачкиот објект на ЦЕРН во Швајцарија.

Проектот најпрво бил користен само интерно од научниците на ЦЕРН, бидејќи првичната замисла била да им овозможи полесно на комуницираат, но во август 1991 година целиот сервер бил отворен за јавноста, односно за секој кој има интернет конекција. Оттогаш светската мрежа (www) прерасна во средство преку кое комуницираат повеќе од 3 милијарди луѓе и кое влијае на речиси се’ што правиме во нашиот секојдневен живот. Еве како изгледал веб сајтот пред 25 години:

image

Веб сајтот бил повеќе како водич кој објаснува што е интернетот и како да се користи, а вклучувал и неколку излезни линкови до други веб локации. Како што објаснува Барнерс-Ли, тогаш фокусот бил на зборовите, а не на графиката бидејќи јасноста на зборовите била поважна.

first-website-cern

Сега постојат повеќе од 4 милијарди веб страници и нешто помалку од милијарда домени, но тие не се толку посебни како страниците што го започнаа сето ова. Првиот пребарувач на светот бил „Aliweb“, создаден од страна на Мартин Костер од ЦЕРН во 1993 година, но имал релативно краток животен век. До него се’ уште може да пристапите на следниов линк.

Поддржете ја нашата работа: