Секој од нас има своја „пијана личност“. Алкохолот на мистериозен начин ја трансформира нашата личност во карикатура или пак во целосна спротивност на нашето трезно себе. Но, за прв пат, науката одлучи да ги дефинира главните видови на пијани личности и да одреди колку многу луѓе припаѓаат во нив. Излегува дека постојат четири видови и тоа: Ернест Хемингвеј, Господин Хајд, Мери Попинс и Палавиот професор. Проверете во кој вид спаѓате вие!
Истражувачите од Универзитетот во Мисури-Колумбија, ги објавија своите наоди во списанието „Addiction, Research & Theory“. За потребите на истражувањето тие побарале од 374 студенти да пополнат извештај за нивното однесување пред и после пиењето.
Некои луѓе се лути и насилни, безгрижни и неодговорни или плачливи и неутешни кога пијат, а тоа е често им ја носи етикетата „проблематичен пијаница“ се вели во студијата. Сепак, досега, немаше емпириска истрага за уникатните промени на личноста под дејство на алкохол.
Истражувачите тргнале од идејата дека постојат повеќе категории отколку само да се биде „добар” или „лош” пијаница, и развиле четири различни видови на пијанство врз основа на шармот, совесноста, интелектот и екстраверзијата кај студентите откако ќе се напијат. Со малку помош од поп-културата, истражувачи излегоа со некои прилично креативни личности кои се чини дека ги опфаќаат повеќето алкохоличари.
Прво, имаме гиганти, познати како „Ернест Хемингвеј“ или „сунѓери“. Именувани по познатиот автор, кој често се фалел дека може да испие многу виски без да се опие. Истражувачите велат дека оние во категоријата Хемингвеј може да пијат големи количини со мали промени во нивната личност, одржувајќи ги повеќето од нивните организациски и интелектуални вештини. Студијата покажа дека во оваа категорија е поголем дел од примерокот. 42% од студентите биле исти и пијани и трезни, баш како Ернест.
Втора најголема категорија, што претставува 23% од студентите, била наречена „Господин Хајд“. Оваа група развива злобен близнак, алтер-его. Губат рамнотежа, стануваат помалку одговорни, помалку интелектуални и непријателски расположени кога се под дејство на алкохол.
Во целосна спротивност со Господин Хајд е категоријата „Мери Попинс“. Тоа се комуникативни, позитивни личности, кои по неколку пијалоци стануваат уште посреќни и забавни. Сочинуваат околу 15% од примерокот.
Последна е категоријата „Лудиот професор“, група во износ од околу една петтина од примерокот, која даде вистинската дефиниција на терминот „течна храброст”. Именувана по хемиски променетиот научник кој го игра Еди Марфи. Тоа се лица кои се срамат и се интровертни додека се трезни, но по неколку пијалоци сите кочници исчезнуваат и тие се претвораат во ѕвезда на вечерта.
Па, освен да ви помогнеме да ги класифицирате вашите пријатели, која е целта на истражувањето? Главниот истражувач Рејчел Вејнград, студент по клиничка психологија на Универзитетот во Мисури-Колумбија, нуди многу добар одговор.
„Мислам дека од клиничка корист е да дефинираме кои сме ние кога сме пијани и каква е поврзаноста со нашата трезна личност”. Свесноста за видот на промената може да помогне во развојот на термини и третмани во борбата против алкохолизмот.