Кога властите ги гореле обвинетите вештерки на клада во текот на историјата, тие сметале дека ја извршуваат својата верзија на одбрана против мрачните сили. Поради недостатокот на напредното медицинско познавање кое го имаме денес, луѓето ги припишувале необјаснетите или чудните медицински феномени на вештерките или демоните.
Оваа идеја датира уште од почетокот на цивилизацијата, во праисториските општества и значајни цивилизации кои настанале во периодот околу 3.500 г.п.н.е и 1.500-тата г. во Месопотамија, Египет, Кина и Индија.
Но, сепак, некои специфични болести многу почесто биле поврзувани со мрачните сили отколку другите, па извојуваме листа на најчестите четири:
1. Епилепсија
Оваа невролошка состојба, која предизвикува напади со нарушувањето на електричната активност на мозокот, се проценува дека е присутна кај 65 милиони луѓе ширум светот, според Фондацијата за епилепсија, од кои околу 3 милиони се од САД.
За време на нападот, тоа лице може да стане збунето или да се онесвести, по што следува губење на свеста при што тие не можат да реагираат и може да доживеат тремор, грчеви или конвулзии.
Оваа појава на губење на контрола на своето тело можеби е причината зошто неинформираните луѓе биле толку исплашени за да ги обвинат лицата кои страдале од оваа болест за вештерство.
2. Ментална болест
Бидејќи менталните болести како шизофренијата или дисоцијативно растројство на идентитетот може да предизвикаат емоционални промени, како и промени во однесувањето, тие биле демонизирани, стигматизирани и неразбрани од страна на општеството уште од самото нивно појавување.
На овие луѓе со ментална болест, им бил извршуван „егзорцизам“ односно истерување на злите духови кои ги опседнувале. За жал, дури и денеска, некои култури во светот, како што е Гвајана, се´уште веруваат дека зад менталните болести стојат вештерките.
3. Труење
Кога луѓето јадат храна контаминирана со габата ергот, може да се пројават симптоми слични на епилепсијата или некоја ментална болест, како што се насилни грчеви на мускулите, повраќање, илузии, халуцинации и многу други, од кои сите се евидентирани во судењата за вештерствата од Салем. Епицентарот за ова вештерство бил на едно место во Салем каде што имало житна култура, која најверојатно била заразена со оваа габа, од која е и произведена халуциногената дрога ЛСД.
4. Воспаление на мозокот (Encephalitis lethargica)
Оваа болест со непозната причина предизвикува тешко воспаление на мозокот, проследено со висока температура, главоболка, двојно гледање, забавена физичка и ментална реакција и летаргија, според Националниот институт за невролошки пореметувања и мозочни удари.
Таа може дури да доведе и до кома. Кај пациентите исто така може да се појават абнормални движења на окото, слабост во горниот дел од телото, болка во мускулите, тремор, вкочанет врат и промени во однесувањето, вклучувајќи ја и психозата.