Нездравите навики како пушењето цигари или прекумерното пиење на алкохол може да имаат штетно влијание на нашата физичка состојба и тоа ни е познато на сите. Но, дали знаете дека некои секојдневни навидум безопасни активности исто така може да имаат штетно влијание на здравјето?
1. Предолго седење
Истражувањата покажуваат дека подолгите периоди на седење го зголемуваат ризикот за срцеви заболувања, дијабетес, депресија и одредени видови на рак. Дури и соодветниот износ на вежби не може да ги поништи негативните ефекти од седењето во период од 8 часа. Предолгото седење може со текот на времето да го искриви ‘рбетот поради неправилното држење на телото и со оглед на тоа што е неприродна позиција за човечкото тело исто така може да го намали протокот на крв во нозете и стапалата.
Без оглед на возраста, тежината или износот на вежби, оние лица кои поминуваат повеќе време во седење имаат пократок животен век.
2. Носење некомотна облека
Жените кои ја трпат болката од некомотниот градник, чанта или пар чевли во име на модата и сметаат дека тоа го прават само за тој момент, не се свесни дека тоа може да доведе до доживотни проблеми со грбот.
Некомотниот градник може да предизвика осип, тендонитис, па дури и гастроинтестинални проблеми со дебелото црево. Тежината на чантите може да доведе до проблеми во грбот, исто како и чевлите, бидејќи тие влијаат на држењето на телото.
3. Наведнување на главата над телефоните и таблетите
Истражувањата покажуваат дека прогресивната употреба на паметните телефони и таблетите може да доведе до т.н. „текст врат“ односно притисок на вратот и рамената, како последица од постојано наведнатата глава над телефоните, што може да доведе до оштетувања на ‘рбетот, како и дискус хернија, истекнување на мускулите или приклештени нерви.
4. Недоволно спиење
Националната фондација за спиење препорачува спиење од 7 до 9 часа во една ноќ кај возрасните. Ретко кој ги исполнува овие препораки. Покрај ризикот за зголемување на тежината, недоволното спиење може да влијае и на нашиот невролошки развој.
Ако редовно не спиете доволно, го зголемувате ризикот и за дијабетес, висок крвен притисок и мнопгу други здравствени проблеми.
5. Попладневна дремка
Попладневната дремка може да биде ефективен начин за да ја зголемите вашата продуктивност во текот на остатокот од денот, но предолгата дремка може да има подеднакво негативен ефект. Експретите препорачуваат дека дремката треба да се ограничи на помалку од 30 мин. за телото да не премине во подлабоките фази на спиење.
6. Пиење засладени безалкохолни пијалоци
Луѓето кои пијат по една лименка газиран сок секој ден, покрај ризикот за зголемување на тежината, го зголемуваат и ризикот за срцев удар за 20%, според едно неодамнешно истражување од Харвард.