7 митови за толпите

Ако замислувате ирационална, спонтана, сугестибилна, емоционална и дури и потенцијално опасна група, можеби ќе сакате да се потсетите на теориите во областа и да размислите уште еднаш.

Социолозите Дејвид Швејнгрубер и Роналд Вохлштејн велат дека ова мислење кај народот е промовирано и поттикнато од страна на многу автори на учебниците по социологија. Всушност, еминентниот француски социолог Густав Лебон се залагал за идејата дека народот во толпа манифестира бизарно, речиси патолошко однесување. 

И покрај овие верувања и во социолошките учебници и во јавноста, нема вистински докази кои ги подржуваат. Луѓето во толпа не се деструктивни чудовишта од популарната, или дури и фашистичка имагинација.

Швејнгрубер и Вохлштејн идентификувале 7 митови за толпите кои се широко распространети и прифатени

1. Толпите се спонтани

Најчестиот мит за толпите е дека тие се спонтани, или уште полошо дека се жаришта на насилство, во комплетен хаос.

Истражувањата за насилство во толпата го демантираат тоа. Една анализа на немири покажува дека насилството е најчесто поврзано со присуство на две спротивставени фракции. Без тој услов, толпите се всушност обично мирни и најчесто свиркаат  плескаат со рацете, често имаат исцртани симболи по лицето и телото, пеат и викаат, во зависност од приликата.

Во реалноста, повеќето луѓе ќе избегнат насилство, без разлика дали тие се во толпата или не.

2.  Толпите се сугестибилни

Идејата дека луѓето во толпата имаат значајно зголемена сугестибилност е исто така релативно чест мит. Меѓусебното копирање, потрагата по лидер, отвореност за предлозите на другите, можеби произлегуваат од недостатокот на социјална структура.

Швејнгрубер и Вохлштејн велат дека едноставно нема докази за подршка на ова тврдење. Дури и ако има некоја вистина во идејата дека луѓето во толпа се сугестибилни, никој не успеал емпириски да ја докаже. На крајот на краиштата, ако толпата е толку сугестибилна, зошто тогаш личности со голем авторитет не успеваат да ја растераат?

3. Толпите се ирационални

Еден вид  на ирационалност која често и се припишува на толпата е паниката. Соочени со итни ситуации, се верува дека луѓето одеднаш се однесуваат како себични животни, газејќи ги другите во трката да побегнат.

Огромен број истражувања за однесувањето на луѓето во итни ситуации не ја подржуваат оваа идеја. Еден таков пример е брзиот организиран начин на кој луѓето се евакуирани во Светскиот трговски центар по „9/11“ терористичките напади. Многу животи беа спасени тој ден, бидејќи луѓето се спротивставија на поривот за паника. Спротивставувањето на ирационалноста, или паниката, е норма.

4. Толпата ја зголемува анонимноста

Помалку чест мит, но с’ еуште популарен е идејата дека луѓето се повеќе анонимни, кога се во толпата. Се вели дека анонимноста ја поттикнува  спонтантонаста, па дури и деструктивноста, претворајќи ја толпата недопирлива за законот.

Секојдневното искуство и истражувањата, сепак велат дека луѓето обично патуваат во групи, со своето семејство или пријатели и не се баш така анонимни за другите. Помислете само колку познаници гледате на фудбалски натпревар.

5. Толпите се исклучително емотивни

Исто како претходниот, и овој мит полека изумира. Аргументот е дека емотивноста е поврзана со ирационалноста и насилството (кои веќе ги дискутиравме).

Модерните психолошки истражувања, сепак, не ги гледаат емоциите како посебност во донесувањето на одлуки, туку како составен дел. Според тоа, да се ​​зборува за „емоционална толпа” наспроти „рационална толпа” нема никаква смисла. Лицата во толпата ги вклучуваат емоциите во процесот на донесување на одлуки, идентично како кога не се во толпа.

6. Толпите се едногласни

Неколку од учебниците за социологија го одобрува митот за едногласност, поврзувајќи го со идејата дека кога луѓето се заедно, тие имаат тенденција да дејствуваат во склад. Истражувањата сугерираат дека тоа ретко се случува – луѓето и понатаму се тврдоглави индивидуи.

7.  Толпите се деструктивни

Овој мит е најмалку застапен во теоријата, но поприлично прифатен од јавноста. Тесно е поврзан со митот на спонтаност и насилство.

Повторно, Швејнгрубер и Вохлштејн  покажуваат дека насилството во толпа е исклучително ретко. Доколку се случи, најчесто зборуваме за неколку поединци, кои завршуваат на насловните страници.

Поддржете ја нашата работа: