Колку секс треба да имате?

Најпрво да напоменеме дека има неколку проблеми со истражувањата во врска со сексот денес. Тие го проучуваат однесувањето само на хетеросексуалните парови и најчесто се потпираат на изјавите од учесниците, а тоа може да биде проблематично бидејќи луѓето лесно лажат за својот сексуален живот.

Значи, истражувањата покажуваат дека луѓето просечно имаат секс најмалку еднаш во неделата. Генералното социјално истражување покажа дека хетеросексуалните мажи на 18-годишна возраст и постари имаат секс околу 63 пати годишно, додека жените пријавиле бројка од 55 пати годишно. Но, ова истражување не опфаќа возрасна граница или статус на врската, а податоците потекнуваат од оние кои се идентификуваат како хетеросексуалци.

Други истражувања укажуваат дека младите моногамни парови имаат најмногу секс, што е и очекувано. Околу 46% од оженетите мажи и 32% од омажените жени, на возраст од 18 до 24 години, изјавиле дека имаат секс најмалку 2-3 пати неделно.

Што се случува кај оние кои се идентификуваат како хомосексуалци? Едно од најдобрите истражувања од оваа област покажува дека 35% од жените имаат секс најмалку неколку пати во неделата.

Вистината е дека нема нормална количина на секс. Секој треба да има онолку секс колку што сака, а ако не сте задоволни во тој поглед, едноставно разговарајте со партнерот.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt