Колку интелигентни се кравите ?

Едно ново истражување на Александра Грин, 21-годишна студентка на Универзитетот во Сиднеј, покажува дека кравите се поинтелигентни отколку што мислиме. Таа развила тест кој ги покажува софистицираните когнитивни способности на кравите, односно таа тренирала 6 крави да се движат низ лавиринт, притоа следејќи го звукот за да дојдат до храна. Една од кравите успеала да ја најде храната за помалку од 20 секунди и тоа уште во текот на првиот ден од тренингот. Тоа укажува на способности за извршување и донесување на одлуки и сугерира дека нивото на интелигенција може да варира помеѓу животните.

Овие наоди може да имаат важна примена во индустријата со добитокот, при што земјоделците би можеле да користат звук за да ја научат стоката да доаѓа за молзење, со што ќе ја намалат физичката работа и ќе ја подобрат ефикасноста.

Исто така, ова потикнува етички прашања за начинот на кој го третираме добитокот. Научниците се надеваат дека ќе научиме повеќе за тоа колку овие животни се интересни и паметни.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt