Дали хиените се смеат?

Хиените се познати по нивното хистерично смеење или кикотење. Но, дали тие навистина се смеат од задоволство или од некоја сосема друга причина?

Всушност, смеата на хиените не е навистина смеа туку звуци со кои тие сигнализираат голем стрес и фрустрација, особено при средба со своите непријатели – лавовите, но и со другите хиени, најчесто поради храната. И покрај секојдневниот стрес со кој се соочуваат при натпреварот за храна, исто така мораат да се справат со матријархална структура каде социјалниот статус е од суштинско значење.

Па, не е ни чудо зошто постојано се смеат – постојаниот натпревар со другите хиени за храна и социјален статус е прилично стресен.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt