Демократијата на коалите

Наместо да викаат за да започнат борба, машките коали (Phascolarctos cinereus) викаат за да ги избегнат другите мажјаци и привлекуваат партнери во процесот.

Д-р Бил Елис од Универзитетот во Квинсленд, Австралија и неговите колеги набљудувале група од 21 коала на остров 30 километри од брегот на Квинсленд.

Очекувајќи битки во сезоната за парење меѓу потенцијалните додворувачи, тие наместо тоа, забележале дека машките коали прават силни карактеристични звуци.

За разлика од луѓето, кои го креваат својот глас кога се расправаат, машките коали на тој начин го најавуваат своето присуство за да се избегне конфронтација со другите мажјаци во сезоната на парење“, вели Елис.

Коалите се парат помеѓу септември и декември. Освен тоа, многу малку се знае за нивниот систем на парење.

Едно можно објаснување за отсуството на соперништво е тоа што нивните живеалишта се на дрвја. Борбата и падот од дрвјата можат да бидат фатални.

Во 2013 година се дозна дека коалите користат уникатни вокални органи за да ги направат своите чудни стомачни звуци.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt