Откриен гроб на мистериозна „заспана убавица“ во Етиопија

Како што можете да забележите, жената е свртена на страна, со раката под нејзиното лице. Луиз Скофилд, водачот на истражувањето, изјави дека имала прекрасен бронзен прстен на раката и дека била свртена кон извонредно бронзено огледало. До неа имала раскошна бронзена лажичка за козметика.

Остатоците од жената, и артефактите, биле пронајдени во еден од 11-те отворени гробови (кои биле пронајдени во мај оваа година како дел од 6-месечното ископување во близина на северниот град Хоциен („Hawzien“).  

Покрај извонредните ѓердани, железни алки, стаклени и глинени садови, на местото биле пронајдени и артефакти од Римската империја. Тоа сугерира дека Римјаните и Етиопјаните тргувале многу порано отколку што се мислеше.

Артефактите ќе бидат изложени во октомври во новиот музеј во Вукро (Wukro), град кој се наоѓа во близина на местото на ископување.