На повидок супер камуфлажа

Без разлика на бојата или текстурата на нивната позадина, лигњите се мајстори за камуфлажа кои се спојуваат со средината за да не можат да се забележат.

Сега, истражувачите од Универзитетот во Калифорнија Ирвин, го изолирале изворот на исчезнувањето – протеин соодветно именуван како “reflectin“ (одраз, отсјај). Кога го поставиле на парче лента, таа станала невидлива на одредени бранови должини на светлина.

Лигњата го произведува протеинот кој и овозможува да ја менува бојата во зависност од слоевите на протеинот и растојанието во кожата. Истражувачите користеле бактерија за да го изолираат, а потоа го залепиле на тенка пластична основа – исто како лепливата лента што ја имаме по домовите.

Овој материјал може да се користи за одредени видови на камуфлажа во текот на денот, но може да биде уште подобар за камуфлажа на војници во текот на ноќта кои се видливи за инфрацрвените камери, вели Алон Городетски, хемискиот инженер кој го предводел истражувањето. Во друг контекст, овие налепници на облеката би можеле да помогнат во одржувањето на топлината на телото при студено време.

Иако лентата се’ уште не е готова за употреба, истражувачите велат дека нејзиното производство е евтино. Моментално тие ја подобруваат за да може да функционира на различни бранови должини на светлина.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt