Индија лансира ракета на Марс

Ракетата „GSLV MK III“ денес, во раните утрински часови, полета од Срихарикота во јужната држава Андра Прадеш во Индија.

Индија досега успешно лансираше полесни сателити, меѓутоа се соочи со проблеми во однос на потешките. Сега со оваа нова ракета ќе биде во можност да носи и потешки сателити во вселената.

Во септември,оваа година, вселенското летало на Индија влезе во орбитата на Марс со што Индија стана првата азиска држава што стигнала до Марс од првиот обид.

Мисијата имала минимален буџет од околу 74 милиони долари (околу 60 милиони евра).

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt