Најновата воена камуфлажа

Првиот „PL-01“ прототип тенк ќе биде тестиран во рок од неколку години и научниците предвидуваат дека ваквата технологија ќе може да се додаде и во структурата на  војничките униформи, правејќи ги речиси невидливи за голото око.

Прв предизвик е континуираното прилагодување на пикселите со околината. Секој воен елемент мора да биде заштитен од откривање, но кога станува збор за примената и активноста на војниците во различни средини, од клучно значење е секое движење на  војникот од една до друга точка да биде ефикасно камуфлирано.

Тимот работи на активен систем кој се прилагодува толку брзо што може да ги камуфлира дури и објектите кои се движат.

Технологијата што  ќе се користи за создавање на „Камелеон“ системите е веќе воспоставена и функционира на тој начин што со камера се снима околината, а потоа компјутерот ги анализира и ги испраќа податоците за да се смени бојата на електрохроматските плочи.

Досега, промените на боите се видливи само со помош на инфрацрвена камера. Тенкот „Камелеон“ е се уште во рана фаза, меѓутоа научниците претпоставуваат дека првиот функционален прототип ќе биде готов за неколку години.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt