Афричкиот слон пред исчезнување

Во Африка, многу повеќе слонови умираат отколку што се раѓаат, благодарение на драматичниот пораст на ловот.

Џорџ Витемајер и соработниците од Државниот Универзитет во Колорадо ги проучувале безживотните тела на слоновите во Кенија со цел да ја утврдат причината за смртта. Потоа ги споредиле наодите со евидентираните податоци за лов на слонови во Африка.

Тие откриле дека од 2009-та година, на годишно ниво, нелегално се убиваат околу 40.000 слонови (8% од вкупниот број). Бројката на слонови годишно се намалува за 3%.

Ivory-Modern-Day-newshopper.sulekha.com_

Порастот на ловот се должи на зголемувањето на побарувачката на слонова коска од Азија, вели Ричард Томас од Кембриџ, Велика Британија.

Благодарение на зголемувањето на богатството, луѓето се во можност да си дозволат слонова коска, одамна посакувана како статусен симбол.

Ловот на одредени видови е сериозно кривично дело и се апелира за поставување на цврсти забрани.

Иако законите во повеќето држави се ригорозни, сепак постојат сериозни групи на ловокрадци кои се добро организирани и добро вооружени при што обичните чувари немаат никаква шанса.

Добар пример е случајот од почетокот на 2012-та година кога во националниот парк „Bouba N’Djida“ во Камерун, тешко вооружена организирана група за кратко време искасапи преку 300 афрички слонови.

Следното видео содржи експлицитна содржина и може да ве вознемири.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt