Астронаутите лишени од сон

Наодите велат дека астронаутите имаат пореметување на сонот, недели претходно и за време на летот во вселената.

Д-р Лаура К. Баргер, асоцијативен психолог и лидер на истражувањето, вели дека недостатокот на сон е многу честа појава меѓу членовите на екипажот.

Врз основа на примерок од 85 астронаути  4000 часа поминати на Земјата и 4200 во вселената, заклучено е дека тие спијат едвај 6,5 часа во денот. Изјавиле дека во просек, секоја втора ноќ, земаат пилули за спиење.

Баргер вели : „ Употребата на пилули за спиење е загрижувачка и може да влијае на перформансата на екипажот. Под дејство на пилулите, будењето може да биде отежнато. Потребни се мерки за подобрување на квалитетот на сонот за време на вселенските летови, без притоа да се наштети на ефикасноста.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt