Извонредна глетка како се хранат китови

Научиците биле сведоци на извонреден настан, кога група од над 100 грбави китови се хранат со антарктички крил во Јужниот Океан.

Имено, истражувачите од Австралиската антарктичка дивизија (ААД), имале спектакуларна глетка пред нивниот брод „Aurora Australis“ да се насука во близина на станицата „Mawson“ на Антарктикот.

Бродот претрпел оштетувања на трупот во едно невреме минатиот месец за време на мисијата за снабдување на намирници за станицата „Mawson“. Тој е испратен во Западна Австралија на поправка.

Сопственикот на бродот, компанијата „P&O Maritime“, вели дека бродот засега ќе остане закотвен во пристаништето „Fremantle“, но дека се надеваат дека ќе се врати во функција до мај.

Ендрју Констабл, шефот на научната експедиција на „Aurora Australis“ вели дека и покрај непријатностиите со кои се соочиле тие биле сведоци на извонредена глетка. Неговиот тим ја истражувал областа со надеж дека ќе откријат делови богати со риба кои служат за исхрана, но наместо тоа откриле дел со огромно количество на антарктички крил.

„Еден од најневеројатните наоди беше кога наидивме на огромно јато од антарктички крил во области каде никогаш не би очекувале да ги има, а беа присутни и над 100 китови“ – вели д-р. Констабл.

Направена е мапа на местото каде откриено јатото.

Резултатите од собраните податоци се очекува да бидат готови пред крајот на годинава, а ќе бидат презентирани на Меѓународната конференција за екосистемите во Јужниот Океан, во 2018 во Хобарт(Тасманија).

Портпаролот на ААД вели дека, бидејќи „Aurora Australis’ не е во функција, неговата улога ќе ја преземе францускиот брод „L’Astrolabe“. Патувањето е закажано да започне на 25 март од Хобарт, а се очекува враќање во Хобарт во првата недела од април.