Веќе извесно време Адидас и „Parley for the Oceans“ – организација која е посветена на намалување на отпадот во океаните, заеднички работат на изработка на патики од рециклирана океанска пластика.
Според Адидас, минатата година тие изработиле 3Д печатен прототип, со цел да демонстрираат како би можела индустријата „да го преиспита дизајнот и да помогне да се запре загадувањето на океаните со пластика“.
Сега тие изработуваат вистински патики кои може да се купат. Почнувајќи од средината на ноември ќе се продаваат околу 7.000 пара, по цена од 220 долари.
95 проценти од горниот дел е изработен од океанска пластика, собрана во близината на Малдивите, а остатокот од патиките е исто така направен главно од рециклирани материјали.
Патиките се наречени „UltraBOOST Uncaged Parley”.
Иако засега во продажба ќе бидат пуштени само 7.000 пара, Адидас има големи планови за овие патики.
Како што изјавуваат претставниците на компанијата за „The Verge“, Адидас планира да произведе еден милион пара од овие патики во 2017 година, а нивна крајна цел е да се елиминира пластиката од ланецот на понудата.
Погледнете како изгледаат овие извонредни патики.
Ова беше оригиналниот концепт од минатата година.



































