Најлошите паразити на планетата (Видео)

Сите ние знаеме дека доколку се напиеме вода која не е соодветно санирана може да се разболеме. Симптомите може да не се појават одма, и ние да се чувствуваме добро. Но, по една година може да ни се појави чуден плускавец на ногата, со мал бел дел кој излегува нанадвор. Ќе го притиснеме малку мислејќи дека е гној или некој вид на мозолче, но тоа ќе продолжи да излегува и ќе чувствуваме како ногата да ни гори.

Тоа значи дека сме инфицирани со „Дракункулијаза“ или болест на Гвинејски црв, како што се нарекува, и тој мал бел дел е всушност главата на црв долг околу еден метар кој се замоткал цврсто за влакната од ткивото на ногата. Во овој случај, лековите не помагаат, па единствениот начин е да се извлече надвор, малку по малку, во текот на неколку недели.

Ова е само еден од големата група на паразити наречени занемарени тропски болести (NTDs) кои се тема на најновото видео на „Kurzgesagt“.

Како што се објаснува во видеото подолу, „NDTs“ се голем проблем во целиот свет, со еден од седум луѓе кои имаат некоја форма од нив, што е повеќе од целата популација во Европа.

Овие болести доаѓаат во многу различни форми, од застрашувачките црви споменати погоре, до амеба, бактерии и вируси. Сите од нив се изразуваат на различен начин, меѓутоа сите се неверојатно одвратни, болни и го променуваат начинот на живот.

Некои влијаат на цревата, некои предизвикуваат малформации на лицето со што лицата имаат потешкотија да се социјализираат, додека пак некои како што е дракункулијазата се чини дека немаат друга цел, освен да предизвикаат болка кај домаќинот.

Но, добрата вест, според видеото, е дека човештвото се согласува дека треба да се ослободиме од нив најбрзо што можеме.

Всушност, веќе постои план за искоренување на повеќето од овие грозни суштества до 2020 година, предводен од фармацевските компании кои започнаа бесплатно да дистрибутираат лекови за ризичното население, обично оние кои живеат во оддалечените области.

До 2020 година се проценува дека фармацевската индустрија ќе потроши повеќе од 18 милијарди долари во борбата против овие болести.

Овој план се чини дека е доста успешен. Во 1985 имало 3,5 милиони случаи на лица инфицирани со црвот спомнат погоре, додека во 2015 имало само 22, што значи дека сме спречиле 99,999 проценти од оваа болест.

Борбата против овие болести обедини многу научни области и бизниси заедно. Па како се одвива оваа борба, и кој е следниот чекор? Погледнете го видеото.