Ерупција на Етна – се разбуди најголемиот активен вулкан во Европа

Вулканот Етна, најголемиот активен вулкан во Европа, почнал да исфрла лава во понеделникот попладне.

Како што пишуваат ителијанските медиуми, лава почнала да излегува околу 19 часот и од вулканскиот кратер сѐ уште излегува дим.

Ерупцијата се случила на југоисточниот кратер и може да се види со голо око од сицилијанските градови Катанија и Таромина.

Вулканолозите ја окарактеризирале екупцијата како експлозивна, што значи дека лава и пепел од кратерот се исфраат со голема јачина.

Според Италијанскиот институт за геофизика и вулканологија, ерупцијата засега не претставува опасност за населението и имотите.

Аердромот во близина, исто така е во функција и ерупциите не влијаеле на распоредот на летовите.

Етна на Сцилија се наоѓа во состојба на речиси непрекината активност, што значи дека почесто ја менува формата во однос на  било кој друг вулкан.

Покрај вулканот Везув, во близина на Неапол, Етна е еден од 16-те вулкани во светот означени како „Decade Volcanoes“ од страна на ОН, што значи дека сепроучуваат особено внимателно, поради зачестената активност и густината на населението во околината.

Ерупцијата може да ја погледнете во видеото подолу

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt