Францускиот бренд Lacoste, познат по поло маци и тениска облека, ќе го замени своето препознатливо лого со крокодил, во својата лимитарна колекција со лого на животни на кои им се заканува исчезнување.
Линијата е развиена во соработка со Меѓународната заедница за сочувување на природата, а некои од животните кои ќе се најдат на логоата се носорогот од Јава, бурманската желка, калифорниски кондор и тигарот од Суматра.
Бројот на маиците кои ќе бидат достапни ќе бидат еднаков број на животните кои се преостанати на светот, пример 350 парчиња за тигарот од Суматра. Вкупниот број од 1775 поло маици е веќе достапен после претставувањето на брендот на минатогодишната модна недела во Париз, а можат да се купат и на веб страната на Lacoste, под името на кампањата Save our species.
Сите приходи се наменети за хуманитарни цели.
































