Eве што му прават цигарите на вашето срце

Светската здравствена организација објави шокантно видео на кое е прикажана штетата која ја прават цигарите на срцето.

СЗО ја објави снимката со цел да ја подигне свеста за дејството на цигарите врз здравјето и човековиот организам.

На почетокот од видеото се спомнува дека пушењето е најчестиот причинител на срцеви болести. Во следните минути срцето започнува да отчукува се побрзо, а од крвните садови излегува дим кој укажува на неговото преоптеретување.

Видеото е објавено по повод Светскиот ден за борба против пушењето.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt