Вештачка интелигенција која скенира вести во потрага по превидени јавни личности состави список од 40.000 успешни научници за кои не постои никаков запис на бесплатната енциклопедија.
Ботот и студијата се дел од показната вежба на стартапот Пример за нивната експертиза во НЛП (natural language processing), посебна гранка на вештачката интелигенција која се занимава со разбирање и генерирање дигитален текст.
Освен што ги агрегира научниците, ботот пишува и драфт статии за нив. Еден од текстовите е за Тереза Вудраф, научничка за која нема статија во Википедија и покрај тоа што е списокот на „Највлијателни луѓе“ на Тајм магазинот во 2013. Нејзината работа вклучува и создавање на 3Д печатени функционални јајници за глувци.
Текстот што го генерира вештачката интелигенција за Вудраф е следниот (оставен е во оригинал заради автентичност):
Иако од човечка перспектива текстот е базичен и во почетна фаза, од Пример (еден од преводите на primer е „буквар) објаснуваат дека тој е одличен „никулец статија“ врз основа на која може да се напише останатата биографија за Вудраф. Ботот за сега има напишано вакви текстови за 100 научници.
Освен индексирање и пишување текстови, планот е ботот да почне да алармира кога постојни Википедија записи не се апдејтувани со нови информации и настани од вестите.



























