Запознајте ја најопасната птица на светот

Казуарите се големи птици кои не можат да летаат,но можат да трчаат со брзина од 50 километри на час, сродни се со ему птиците.

Возрасен казуар може да биде висок и до 2 метри, додека просечната висина се движи од 127 до 170 см. Мажјаците можат да тежат до 55 килограми, а женките до 76 килограми.

Нивните три остри канџи достигнуваат и до 12 сантиметри во должина, а ова воедно е и единствената птица на светот која има некаков вид на заштитен оклоп со кој ја заштитува својата глава при трчањето во шумата.

Дождовните шуми на североисточниот брег на Австралија, Нова Гвинеја и Индонезија се прибежиште на околу 1.500 преостанати Големи казуари во дивината.

Во зоолошка градина не може да ги најдете, бидејќи се премногу агресивни и не поднесуваат живот во заробеништво.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.