Палеонтолозите идентификувале нов вид на диносаурус, џиновска птица како теропод, која ги опфажала плодните места во Алберта, Канада за време на доцниот Креда период, пред околу 71 милиони години.
Палеонтолозите најпрво мислеле дека коските и забите од овој примерок припаѓале на друг двоножен диносаурус наречен Troodon кој чекорел низ Северна Америка пред 76 милиони години, често сметан за еден од најпаметните од сите диносауруси. Но, новото истражување, објавено во списанието Canadian Journal of Earth Sciences, сугерира дека овие примероци се всушност од сосема нов вид на диносаурус.
Истражувачите го идентификувале новиот вид и го нарекле Albertavenator curriei, во чест на познатиот Канадски палеонтолог Д-р. Филип Кари.
“Деликатните коски на овие мали пердувести диносауруси се многу ретки. Ние имавме среќа да имаме парче од черепот што ни овозможи да го одвоиме Albertaventaor како нов вид. Во иднина се надеваме дека ќе најдеме поголемо парче од череп кое ќе ни каже повеќе за ова фасцинантно животно.” вели лидерот на проектот Д-р. Дејвид Еванс, претседавач од Royal Ontario Museum.
Сето ова е засновано со анализа на коскени фрагменти. Суптилните разлики во черепот се тоа што коските се пократки и посилни, па сугерираат дека Currie’s Alberta hunter веројатно не бил толку паметен како Troodon.
Како што е чест случај во палеонтологијата, овие проценки се направени со користење на битови и парчиња од коски. Оваа област во Алберта е послана со стотици коски и заби. Како и да е, научниците дефинитивно имале среќа да пронајдат ваков примерок и да направат бројни анатомски споредби.
“Ова откритие навистина ја нагласува важноста од наоѓање и испитување на скелетниот материјал од овие ретки диносауруси”, заклучува Дерек Ларсон, ко-автор на студијата и помошник-куратор од споменатиот музеј.