Африканските пингвини изумираат благодарение на климатските промени

Африканските пингвини (Spheniscus demersus), може да се најдат по должината на јужниот дел на истоимениот континент. Со не повеќе од 70 см височина, овие лесни птици одат и пливаат околу брегот на Јужна Африка, упатувајќи се кон познати ловни места за да фатат риба за исхрана.

Сепак, благодарение на зголемениот број на риболов и антропогените промени на температурата, соленоста и киселоста на морската вода во Јужна Африка, во оваа област веќе нема толку многу риби како што некогаш имало.

Според истражувачите од Универзитетот во Ексетер, ние ненамерно сме создале “еколошки стапици” за нив, а иднината поврзана со исхраната на пингвините се чини сиромашна.

Врз основа на сегашните стапки на населеност, тимот на истражувачи предвидува дека бројките за размножувањето на африканските пингвини се 50 отсто пониски во денешно време, во споредба со ситуации каде овие симпатични птици можат да се прилагодат и да најдат нови ловни места за преживот.

“Африканските пингвини бараат ниски морски температури и високи хлорофилни места кои укажуваат на присуство на планктони, бидејќи рибите се хранат со нив и ги има во голем број. Пингвините кои живеат на вакви места би требало да бидат безбедни од изумирање, но климатските промени и индустрискиот риболов ги осиромашуваат пределите при што изумираат пингвините,” вели водечкиот автор на студијата Ричард Ширли, биолог од Институтот за животна средина во Ексетер.

content-1486746428-penguinzВо тесна соработка со владини научници од Јужна Африка и Намибија, сателитски тракери биле закачени на 54 малолетни пингвини од осум различни колонии. Ова им овозможило на научниците да го следат размножувањето и исхраната на сите видови.

Како што нивната нормална исхрана со сардини почнала да ги собира овие животни многу подалеку на исток од порано заради климатските промени и риболовот, повеќе колонии имаат потешкотии со преживување, а следствено и потомството е значително намалено. Бројот на Африканските пингвини е во опаѓање и не е сосема јасно дали овие животни би можеле да се прилагодат во иднина на климатските промени пред да стане премногу доцна.

Африкански пингвини се веќе класифицирани како загрозени видови. Оваа студија укажува дека за жал, ние индиректно правиме сé што можеме за да се влоши оваа бројка.

Поддржете ја нашата работа: