Алкохолот може да предизвика 7 видови на рак

Еден водечки медицински истражувач ги разгледувал истражувањата поврзани со конзумирањето на алкохол од последнава деценија и заклучил дека конзумирањето на алкохол, дури и во мали количини, не само што предизвикува рак на црниот дроб, туку може да доведе и до шест други видови на рак.

Според Џени Конор од Универзитетот во Отаго во Нов Зеланд, доказите сугерираат дека алкохолот предизвикува рак на устата и грлото, гркланот, хранопроводот, црниот дроб, цревата, дебелото црево и градите.

Се’ уште не е јасно како или зошто алкохолот предизвикува мутации кои се потребни за ракот да се формира, но Конор вели дека наодите укажуваат на нешто повеќе од чиста случајнот. Покрај тоа, постои поврзаност и со дозата, односно колку повеќе едно лице конзумира алкохол, толку поголеми шанси има за да развие одреден вид на рак, но не се исклучени и оние кои конзумираат умерени до мали дози на алкохол.

Да појасниме, во случајов не се работи за ново истражување, туку за заклучок добиен од анализа на веќе постоечките истражувања за поврзаноста на конзумирањето на алкохол и развојот на рак.

Според Конор, најсилната поврзаност се наоѓа меѓу конзумирањето на алкохол и ракот на устата. Конзумирањето на 50 грама алкохол дневно може да го зголеми ризикот за рак на устата до 7 пати, во споредба со оние кои не конзумираат алкохол.

Во просек, едно вино има околу 14 грама алкохол, што значи дека за да се зголеми ризикот едно лице треба да конзумира 4 пијачки дневно, вели Конор за „The Guardian“, но дури и помалото конзумирање на алкохол сепак го зголемува ризикот.

drinking-alcohol

Според здравствените власти, не постои безбедно ниво на конзумирање на алкохол и тие препорачуваат дека луѓето воопшто не треба да конзумираат алкохол, но се свесни дека тоа е полесно да се каже отколку да се направи.

И покрај овие резултати, никој не разбира зошто постои поврзаност помеѓу алкохолот и ракот. Една од популарните хипотези е дека алкохолот можеби ја оштетува ДНК-та, што води до мутации кои предизвикуват да се формираат клетките на ракот, но додека да се направат понатамошни истражувања, никој не знае со сигурност.

Заклучокот на Конор е објавен во „Addiction“.

Поддржете ја нашата работа: