Американските научници печатат функционални органи со 3Д принтер

Научниците во САД со помош на 3Д принтер создаваат живи делови од телото.

Programmable-3D-Printers

Специјално дизајнираните принтери, развиени во Баптистичкиот медицински центар при Универзитетот Вејк Форест во Северна Каролина, можат да создаваат мускули, коски, ’рскавици и цели органи.

Печатените делови биле имплантирани на животни и функционирале нормално.

1

Според студијата што беше објавена во „Nature Biotechnology“, деловите како уво (десно) и дел од вилична коска (лево) развиле здрави крвни садови кога биле имплантирани.

Принтерите користат материјал сличен на пластика и гел што содржи живи клетки за да создадат вакви комплексни структури, како што е овој дел од вилична коска.

2

Истражувачите се надеваат дека во иднина оваа техника ќе може да се користи за 3Д принтани органи што ќе можат да се имплантираат на луѓе.

Ентони Атала, водачот на истражувањето, во соопштението вели: „Со понатамошен развој, оваа технологија потенцијално би можела да се користи за печатење на живи ткива и делови од органи за хируршки потреби“.

Досега, ова е тестирано само на глувци. Сепак, имплантот со големина на човечко уво поставен под кожата на глушец и два месеци после имлантацијата останал здрав и неоштетен, па истражувачите се оптимисти.  

https://www.youtube.com/watch?v=jvzu9MXC7e0

Поддржете ја нашата работа: