Американците фрлаат милиони пластични топчиња во езерата

Систем за заштеда на пари кој го одржува квалитетот на водата, според Одделот за вода и енергија на Лос Анџелес.

Во понеделникот, претпријатието пушти 20.000 од овие топки – секоја со големина на грејпфрут – во резервоар/езеро во Силмар, Калифорнија. Тоа беше последната количина потребна за покривање на површината на резервоарот од 12 милијарди литри. Претходно во резервоарот Иванхо беа пуштени 400.000 топки. Низ резервоарите во областа има вкупно 96 милиони црни политенски топчиња. Секое топче чини 36 центи.

Улогата на топките, со прекар „сенки“ е да се блокира сончевата светлина. Нивното додавање треба да спречи загуба на околу 1,1 милијарди литри вода, кои нормално ќе исчезнат од резервоарот/езерото. Во споредба со други техники за заштита на водата, со топките се очекува заштеда од 250 милиони долари.

Сушата која ја погоди Калифорнија во изминатите 15 години, според проценките, е една од најголемите во последниве 1.200 години во областа. Во април, гувернерот Џери Браун најави дека ќе наметне намалување на користењето на водата низ државата за 25%, за да се справи со проблемот.

Водата која ќе биде „спасена“ со топките се очекува да ги обезбеди годишните потреби на вода за пиење за 8.100 лица.

„Лебдечките“ топки исто така би спречиле опасни хемикалии, кои може да се формираат како резултат на реакциите предизвикани од сончевата светлина во хлорирана вода. Покрај тоа, тие ќе обезбедат заштитна покривка за резервоарот, штитејќи ја водата од прашина, формирање на алги и слични штетници кои ја загрозуваат водата за пиење.

 

Поддржете ја нашата работа: