Армиран бетон со пластика

Бетонот е армиран со рециклирана полипропиленска пластика, а тестовите за цврстина и издржливост покажале дека овој бетон може безбедно да се користи за изградба пешачки патеки, како и полуфабрикатни елементи за канализационите одводи и за бетонските прагови.

Истражувачите сега работаат со локалните производители на бетон на изнаоѓање начини за негова поширока примена. Исто така, тие работаат на создавање на бетон кој ќе биде поодржлив и на други начини, како што е замената на природниот песок со 100% прашина што се добива како нуспроизвод во каменоломите, и замена на цементот со до 30% рударски отпад.

Бетонот е вториот најчесто користен материјал на Земјата. Една од неговите главни состојки – цементот, е одговорна за 5% од вкупната годишна продукција на CO2. Тоа можеби и не изгледа многу во споредба со вкупното количество, но кога би успеале да ги намалиме овие емисии, а во исто време би направиле нешто корисно со стотиците илјади тони пластичен отпад годишно, тоа би било навистина возбудливо. Едвај чекаме да ги видиме новите материјали на дело.  

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt