Ова е новото возило на „Lexus“ кој се движи на тркала од вистински мраз. „Lexus“ го изработи со помош на студиото за скулптури од мраз „Hamilton Ice Sculptors“, и за секое тркало биле потребни по четворица скулптори и 36 часа за да се заврши.
Ако внимателно го изгледате видеото, ќе забележите дека тркалата се направени според моделот на вистинските тркала, во толкави детали што дури ги има и вдлабнатините на гумите.
Секое тркало одвнатре е засилено со акрилни додатоци за да може да го издржи товарот на возилото од 1.800 килограми и опремено со сини LED светилки кои дополнително ја истакнуваат транспарентноста на гумите.
За гумите да не се стопат на самиот почеток, целото возило било замрзнато 5 дена на температура од -30 степени Целзиусови.
Можеби сето ова ви нема многу смисла, но на крајот се’ се сведува на една фенси реклама за автомобил. Нас ни се допаѓа!