Бесплатен онлајн курс за преживување на Марс

Научниците од целиот свет се решени да ја направат планетата Марс нашето следно живеалиште, но дури и ако има некаква можност да ја колонизираме Црвената планета, треба да откриеме како да живееме таму подолг временски период.

Па затоа, Австралискиот универзитет ќе започне бесплатен онлајн курс што ќе ги научи дури и оние без никакво научно познавање, како да преживеат на површината на Марс.

За овој курс, понуден од Универзитетот Монаш, наречен „Како да се преживее на Марс: науката позади човечкото истражување на Марс“, ќе бидат потребни 4 недели за да се заврши, со 3 – онлајн часови во неделата.

„Марс ја плени човековата имагинација уште од најраните цивилизации. Таа е најистражената планета во Сочевиот систем, и тоа најверојатно нема ни да се промени. Да се дојде до Марс е релативно лесно, вистинскиот предизвик е преживувањето “ – гласи описот на овој курс.

Курсот е развиен од страна на астрофизичарот Јасмина Лезендич-Галовеј и хемичарот Тина Овертон, кои биле инспирирани од романот на Енди Вир, Марсовецот.

„Ни се допадна тоа што научниците ги третираат како решавачи на проблеми, а не со големо его и вонземјани насекаде како во другите филмови за вселената. Оваа приказна всушност ни покажа за што навистина е науката – не само досадни факти и формули, туку вистински вештини за решавање на проблемите“ – изјавува Лезендич-Галовеј.

Па што би научиле доколку се пријавите на овој курс?

HawaiiMars-660x437Па, поголемиот дел од часот ќе се базира на учење на основните научни методи за надминување на секојдневните проблеми во непријателска средина како Марс, како што е на пример создавање на вода или кислород во лабораториски услови.

„Науката е интердисциплинарна, не е само хемија, астрономија или физика. И на Марс ќе мора да знаете по малку од се´. Причината поради која се држиме до опстанокот е бидејќи знаеме дека првите колонии на Марс навистина би се бореле за опстанок“ – вели Лезендич-Галовеј.

Можеби ова е прерано со оглед на тоа што не сме ни блиску до населување на Марс, но сепак, подготовката за она што би можело да се случи таму е од витално значење доколку имаме намера да живееме таму во иднина.

Во рамките на подготовките за евентуално човечко истражување на Црвената планета, „SpaceX“ планира да испрати вселенско летало на Марс до 2018тата година.

Досега, повеќе од 1.500 луѓе се пријавени за курсот, кој треба да започне кон крајот на октомври.

Поддржете ја нашата работа: