Бубачките буквално се неуништливи

За целоснa анализа на еволуцијата на целните инсекти, авторите користат документација  на фосилните остатоци на инсекти од меѓународната литература уште од почетокот на 19-ти век. Тимот формирал база на податоци за 5553 видови инсекти од 221 локација.

Студијата ги истражува инсектите и нивното потекло, пред 284 милиони години. Во споредба со фосилните остатоци на други животински групи како школки, корали и ‘рбетници, бубачките имаат една од најниските стапки на истребување како вид. Всушност, нема познати семејства во најголемата подгрупа, „Polyphaga“, кои изумираат во еволутивната историја. Занемарливата стапка на истребување најверојатно се должи на нивната флексибилна исхрана, која вклучува алги, растенија и други животни.

Постојат неколку работи за бубачките кои ги прават многу флексибилни и способни да се адаптираат на променливи ситуации. Главниот автор укажува на способноста за метаморфоза како одлика на многу инсекти. Тие се еколошки флексибилни и се движат брзо во случај на климатска промена. Можат да живеат на различни места и како ларви и како возрасни.

Во моментов се работи на дигитализи на повеќе фосилни остатоци, со цел идните истражувања да бидат на повисоко ниво. Проектот, познат како „Фосилните инсекти“ е финансиран од Националната фондација за наука, се очекува да создаде база на примероци на повеќе од половина милион фосилни инсекти од главните американски колекции, која ќе биде достапна за пошироката истражувачка заедница.

Поддржете ја нашата работа: