Чувствувајте се како да сте на Марс со новото неверојатно видео на НАСА

Ако некогаш сте се запрашале како би изгледало да се наоѓате во внатрешноста на некој џиновски кратер на Марс, тогаш погледнете го ова неверојатно видео на роверот „Curiosity“, кое НАСА го објави минатата недела. Потребно е само да кликнете на видеото и потоа влечете го глувчето низ екранот.

Роверот го истражува кратерот Гејл, кој е широк 154 километри, а конкретниот регион кој ќе го видите на видеото е наречен „Bagnold Dunes“ и е еден од многуте региони на Марс кои се покриени со огромни песочни дини.

Во моментов, „Curiosity“ собира примероци од песокот на блискиот рид, наречен „Namib Dune“ кој е висок од 4 до 5 километри. Десно од него, во далечината се наоѓа Планината Шарп (или Острата Планина) која е висока околу 5 километри.

dune1

dune2

Поддржете ја нашата работа: