Дали китовите ги оплакуваат своите мртви исто како луѓето?

Китовите се паметни и дружељубиви суштества, а според новото истражување,  најмалку 7 видови од овие морски цицачи ги оплакуваат своите мртви, што укажува на нивната силна меѓусебна поврзаност.

„Најверојатното објаснување за одбивањето на овие животни да се простат од својот мртов пријател или роднина е тагата. Тие го оплакуваат. Тие се во болка и под стрес и едноставно знаат дека нешто не е во ред“, вели Мелиса Регенте, биолог на Универзитетот во Милано, Италија и коавтор на истражувањето.

Научниците откриваат се’ поголем број на видови – од жирафите до шимпанзата, кои се однесуваат на овој начин. Тоа покрева многубројни дебати за тоа дали животните имаат емоции, и ако имаат, како тие емоции треба да влијаат на начинот на кој чеовек ги третира другите суштества.

Со анализа на други истражувања и извештаи, научниците откриле вакво однесување кај седум видови на китови, што значи дека е многу честа појава. Тие издвојуваат многу слични примери, меѓу кои и еден кога една мајка од видот на китовите-убијци (орка кит) си го носела своето мртво новороденче на главата, постојано обидувајќи се тоа да биде надвор од водата (претставено на сликата) и еден пример на делфин кој не го напуштал мртвото тело на друг помал делфин во Црвеното Море.

Тагата на животните може да се дефинира како емоционална болка во комбинација со нарушување на вообичаеното однесување, објаснува Барбара Кинг, професор по антропологија и автор на книгата „Како жалат животните“ (анг. How animals grieve). Животните поминуваат низ период кога искусуваат ист вид на тага и жал како и луѓето кога некој близок ќе почине.

Новото истражување е објавено во „Journal of Mammalogy“.

Поддржете ја нашата работа: