Дали креативноста може да се научи?

Во модерната култура, креативноста е синоним за елитна група професионалци – од танчери до музичари. Се смета дека овие лица се „природно надарени“, но дали креативноста е вродена или може да се создаде?

Во новото видео на „Brain Craft’s“, со наслов „Тајната на креативноста“, водителката Венеса Хил објаснува дека ако ги пуштите мислите да лутаат тоа може да доведе до креативност, независно дали сте професионалец или почетник.

Според „Brain Craft“, 30 проценти од времето во денот луѓето ги поминуваат во лутање со мислите. Некои научници теоретизираат дека тоа може да ви го одвлече вниманието од она што го доживувате како пречка или да и овозможи на вашата потсвест да работи на проблемот без да да се потпира на повисоките когнитивни функции.

Лутањето со мислите исто така може да ја поттикне способноста на мозокот да го преиспита начинот на кој гледате на проблемот, што ќе ви овозможи да најдете врска на две навидум неповрзани работи и да дојдете до ново креативно решение.

Но, ако сите се способни за лутање со мислите, тогаш зошто некои луѓе се покреативни од другите?

smoking-creativy-1366x768Едно истражување објавено во „PLoS One“, открива дека генетиката може да игра суштинска улога во креативноста. Семејствата кои колективно покажуваат подобри резултати на тестовите за музички вештини или на тестовите за креативност, многу е веројатно дека имаат екстра копија од генот глукоза мутаротазе. Овој ген учествува во ослободувањето на серотонинот, невротрансмитер кој ги промовира нервните врски. Оваа дополнителна копија ја зголемува продукцијата на серотонинот и способноста на мозокот повторно да го користи.

Истражувачите исто така укажуваат дека нивото на креативност влијаат и особините на личноста. Спремноста за преземење на ризици и отвореноста кон нови искуства исто така се поврзуваат со креативноста. Сепак, дури и да не сте креативни по природа, оваа вештина може да се тренира, да се усовршува или да се учи.

Во одделни истражувања била направена споредба помеѓу успешни професионални танчери, уметници и музичари со почетници во тие области. За време на сесиите за импровизација, кога од учесниците било побарано да состават мелодија од пет тона, ментално да направат цртеж или ментално да изведат танц, се покажало дека искусните професионалци на друг начин размислуваат за задачата и вклучуваат други области од  мозокот во споредба со почетниците.

Креативноста не е само индивидуална способност, туку може и да се учи. Таа е под влијание и на културолошите и биолошките фактори. На пример, училиштата ги учат учениците како да ги практикуваат нивните креативни вештини преку поттикнување на отворен дијалог со различни идеи, а не само ограничен начин на размислување во училниците.

Затоа, ослободете го умот и негувајте ја својата креативност.

Поддржете ја нашата работа: