Дали спиеме за да заборавиме?

Низ годините, научниците дошле до многу идеи за тоа зошто спиеме. Некои тврдат дека тоа што спиеме е начин да се заштеди енергија, некои посочуваат дека дремката дава можност да го исчистиме мозокот од непотребни информации, додека други пак претпоставуваат дека спиењето едноставно ги присилува животните да лежат, што им дава шанса да се скријат од предатори.

Неколку трудови објавени во списанието Science, нудат докази за еден друг концепт: Ние спиеме за да заборавиме некои од работите кои ги учиме секој ден.

Со цел да се научат, ние мора да ги развиеме врските, или синапсите помеѓу невроните во нашиот мозок. Овие врски, ги оспособуваат невроните да испраќаат сигнали еден на друг брзо и ефективно. Ние чуваме нови сеќавања во овие мрежи.

Во 2003 година, Џулио Тонони и Кјара Сирели, биолози од Универзитетот во Медисон дале соопштение дека синапсите се зголемуваат во текот на денот како резултат на бучавата, додека кога спиеме нашиот мозок прави врски за нејзино укинување.

Во текот на годините истражувачите дошле, во голема мера до индиректни докази за поддршка на т.н. хипотеза за синаптичката хомеостаза.

Од лабораториските експерименти се покажало дека невроните ги чистат нивните синапси. Научниците, врз купче на неврони оставиле дрога која го поттикнува нивниот раст и развој, а потоа самите неврони исчистиле дел од нив.

Другиот доказ доаѓа од електричните бранови кои ги ослободува мозокот. За време на длабок сон, брановите се забавуваат. Д-р. Тонони и Д-р. Сирели тврдат дека оваа промена ја произведуваат намалените синапси.

Пред 4 години, научниците добиле шанса да ја тестираат својата теорија. Луиза де Виво, асистент научник која работи во нивната лабораторија, направила макотрпно истражување на ткивата земени од глувци, заспани и будни, и потоа ја утврдила големината и обликот на вкупно 6.920 синапси.

Синапсите во мозокот на заспаните глувци биле за 18 отсто помали отколку кај будните.

Втората студија, била предводена од страна на Грахам Х.Даеринг, истражувач на постдокторски студии на Универзитетот Џон Хопкинс. Тој и неговите колеги си поставиле за цел да ја истражат хипотезата за синаптичка хомеостаза со проучување на протеини во мозокот на глушец.

Во еден експеримент, Д-р. Даеринг и неговите колеги креирале мал прозорец преку кој можеле да гледаат во мозокот на глушецот. Потоа додале хемикалија која ја осветлува протеинската површина на мозочните синапси.

Гледајќи низ малиот прозорец, тие отриле дека бројот на површинските протеини се намалуваат во текот на спиењето. Тој пад бил очекуван, бидејќи знаеле дека синапсите се намалуваат, па почнале да бараат молекуларна причина за оваа промена.

Тие откриле дека стотици протеини во текот на ноќта или се зголемуваат или намалуваат во внатрешноста на синапсите, додека само еден протеин, наречен Homer1A стоел надвор.

Во претходните лабораториски експерименти на невроните, Homer1A се покажал како важен за враќањето на синапсите, па се прашуваме, дали тој исто така влијае на нашиот сон?

За да разбереме, Д-р Даеринг и неговите колеги, студирале глувци генетски модифицирани со што не би можеле да направат Homer1A протеини. Овие глувци, спиеле како обичните глувци, но нивните синапси не ги промениле нивните протеини како оние во обичните глувци.

Поддржете ја нашата работа: