Дали вонземјаните ја избегнуваат Земјата?

Во 1950 година, физичарот Енрико Ферми поставил многу важно прашање за време на еден ручек во Националната лабораторија на Лос Аламос. Врс основа на бројот на галаксии за кои знаеме дека постојат, колку ѕвезди има во тие галаксии и колку планетите потенцијално орбитираат околу тие ѕвезди, веројатноста вели дека треба да постои вонземски живот.

Па, каде е тој?

Ова прашање, познато како Парадоксот на Ферми, замисли многу луѓе, бидејќи тоа е логичното размислување кога ќе се земе предвид колку е голем нашиот универзум. Иако постојат многу хипотези во обид да се најде одговорот, една од најдобрите и најпровокативните е „хипотезата на зоолошка градина“.

Оваа хипотеза била смислена во 1973 година од страна на Џон Бол, радио астрономер на Институтот за технологија во Масачусетс. Тој тврди дека може да постојат интелигентни вонземјани, кои можеби едноставно не игнорираат, принудувајќи не да живееме во една космичка „зоолошка градина“ или засолниште на дивиот свет каде што може да ја следат нашата активност без да се вмешуваат.

Со други зборови, оваа хипотеза претпоставува дека вонземскиот живот постои, но е толку напреден што не сака да влијае врз нашето примитивно општество, или не сака да се меша со други интелигентни животни форми.

Ова има смисла кога ќе помислиме дека животот на другите планети во нашата галаксија можеби еволуирал и напредувал во многу побрзо темпо.

Стапката до која човештвото напреднало за последните 100 години ни фрла малку светлина за тоа колку понапредната би можела да биде една цивилизација која траела 100 милиони години подолго од нас.

„Една друга цивилизација, да речеме еден век помлада од нас, може да не е во можност да комуницира преку ѕвездени растојанија, пред еден век ни ние не можевме. Додека пак, цивилизација постара од нас еден милениум, најверојатно би била во можност да користи технологија за меѓуѕвездена комуникација, како што се модулираните гама зраци, нешто што ние луѓето уште не сме сфатиле како се прави“ – објаснува Бол.

Доколку ова е точно, и важно е да се напомене дека е крајно хипотетички, тогаш таму некаде може да постои цивилизација далеку понапредната од нашата за која не вредиме ништо.

Ова сознание исто така се навраќа на изјавите на познатиот физичар Стивен Хокинг кој смета дека не треба да се емитуваме надвор во вселената бидејќи некоја напредната и непријателска цивилизација може да демне во темнината, во потрага по некој примитивен живот за освојување.

Секако дека постојат и други популарни хипотези, меѓу кои една од најпопуларните е дека вонземскиот живот постои но е многу примитивен, или пак дека можеби веќе дошол на Земјата и си заминал.

Сепак, факт е дека никој не знае. Единствениот начин за која било од овие хипотези да се докаже е да се добијат научни докази. Па до тогаш, ни преостанува само да погодуваме каде се сите.

Поддржете ја нашата работа: