Децата кои грицкаат нокти имаат помали шанси за развој на алергија

Додека родителите можеби се бесни на тенденцијата на нивните деца да ги шмукаат палците или да ги грицкаат ноктите, новото истражување покажува дека може да има позитивен исход од овие класични лоши навики.

Едно истражување спроведено на повеќе од 1.000 деца од страна на истражувачите од Нов Зеланд и Канада, покажува дека децата кои ги шмукаат своите палци и ги грицкаат своите нокти имаат помала шанса за развој на алергиска чувствителност – а придобивките се чинат поголеми ако децата ги практикуваат и двете орални навики.

„Нашите наоди се во согласност со теоријата за хигиена која вели дека раниот контакт со нечистотија и бактерии го намалува ризикот од развој на алергии“, вели Малком Сеарс од Универзитетот МекМастер во Канада. „Ние не препорачуваме овие навики да се поттикнуваат, туку велиме дека се чини дека постои и позитивна страна“.

Тимот ги собрал податоците од Мултидисциплинарното истражување во Дунедин, во кое биле вклучени 1.037 учесници родени во 1972 и 1973 година во Дунедин, Нов Зеланд.

Децата во проектот поседувале навики за шмукање на палците и грицкање на ноктите, кои биле евидентирани кога тие имале 5, 7, 9 и 11 години па затоа тие на возраст од 13 до 32 години правеле тест на кожата за атопична сензитизација со цел да се види дали се алергични на најмалку еден заеднички алерген, како што се прашина, трева и домашни миленичиња.

Истражувачите откриле дека 31% од децата често ги шмукале своите палци или ги грицкале нокти, и дека овие деца имале помала веројатност да развијат алергија (38%) на 13 годишна возраст, за разлика од оние кои немале такви орални навики (49%). Децата кои ги шмукале своите палци, а воедно и ги грицкале своите нокти биле значително помалку (31%).

thumbПридобивките продолжиле се додека учесниците не наполниле 32 години, но додека резултатите покажале дека децата кои шмукаат палци и грицкаат нокти имаат пониски стапки на алергија на тестот, тие не покажале никаква врска со астмата или алергискиот ринитис (воспаление на носот и очите предизвикано од алергија).

Истражувачите не знаат кои биолошки механизми се вклучени, кои всушност би можеле да објаснат што се случува – што всушност претставува ограничување на истражувањето кое авторите го признаваат.

„Дури и ако ние претпоставиме дека заштитувачките ефекти се должат на изложеноста на микробиолошките организми, ние не знаеме кои организми се бенефитни или како тие всушност влијаат врз имунолошкиот систем“, вели респираторниот епидемиолог Роберт Џ. Ханкокс од Универзитетот во Отаго во Нов Зеланд за „The New York Times“.

Но, иако научниците не можат целосно да ги објаснат резултатите, наодите објавени во „Pediatrics“ можат да додадат нова тежина на аргументот дека изложеноста на микробите кога сме млади помага во зајакнувањето на имунолошкиот систем кој резултира со помалку алергии.

„Хипотезата за хигиена е интересна поради тоа што укажува на тоа дека начинот на живот може да биде одговорен за порастот на алергиски болести во последната деценија“, вели Ханкокс. „Очигледно е дека хигиената има многу предности, но можеби ова е лоша работа. Хипотезата за хигиена е се’ уште нејасна и контраверзна, но ова е уште еден доказ дека би можела да биде вистина“.

„Почетната изложеност во многу области изгледа како да е повеќе заштитувачка отколку опасна“, додаде Сеарс. „И јас мислам дека ние штотуку додадовме уште еден интересен дел на тие информации“.

Поддржете ја нашата работа: