Детство со емоционални инвалиди

Или пак, пред спиење да фантазирате дека некој ќе дојде и ќе ви каже дека всушност имате други родители и ќе ве однесе на посреќно место.

Ова е само почеток на внатрешната борба. Вие ќе поминете многу години посакувајќи други родители и ќе чувствувате вина поради тоа.

Впрочем, вашите родители се во основа добри луѓе. Тие работат напорно, имате куќа, храна, облека и играчки. Одите или одевте во училиште секој ден, пишувавте домашна секое попладне. Имате пријатели и хоби.  Од таа гледна точка, вие сте прилично среќни.

Но и покрај добрите услови и покрај тоа што знаете дека вашите родители ве сакаат, вие се чувствувате како да сте сами на светот, отсекогаш. Зошто? Одговорот е едноставен и комплициран истовремено.

Вие имате родители со ниска емоционална интелигенција и сте емоционално занемарено дете.

Растењето со родители кои немаат емоционална свест и вештини е тешко, најблаго речено. Имате неколку добри причини да бидете вознемирени:

1. Бидејќи вашите родители не знаат да ги идентификуваат своите емоции, тие не го зборуваат јазикот на емоциите.

Па наместо да се каже, „Изгледаш вознемирено, злато. Дали нешто се случи во училиште денес“? Тие отсутно велат, „Па, како беше на училиште”?

Без оглед дали се работи за погреб или нешто убаво, на пример матурска, вашето семејство е ладнокрвно и не зборува за настаните.

Резултатот е: Вие не научивте да бидете свесни за себе. Не научивте дека вашите чувства се вистински и важни. Не научивте да седнете и да зборувате, да ги изразите вашите емоции.

2. Бидејќи вашите родители не се добри во управувањето и контролата на своите емоции, тие не се во можност да ве научат да ги управувате и контролирате вашите.

Па така, кога запаѓате во неволја или караница со некого, тие не ви објаснуваат дека можеби сте можеле поинаку да реагирате. Наместо тоа, тие ќе ви се развикаат, ќе ве посрамотат или пак ќе ги обвинат другите.

Резултатот е: Вие станувате избувлива особа и не знаете како да управувате со тешки ситуации.

3. Бидејќи вашите родители не ги разбираат емоциите, тие ви даваат многу погрешни пораки за себе и за светот преку нивните зборови и однесување.

Се однесуваат  кон вас како да сте мрзливи, бидејќи не го забележуваат вашиот страв од вршење на работите и неуспех.

Вашите браќа и сестри ве нарекуваат плачко и слабак затоа што плачевте кога ви умре миленичето.

Резултатот е: Растете со погрешни гласови во главата (Ти си мрзелив, ти си слаб).

Сите овие резултати да ве оставаат збунети и конфузни. Вие не сте допир со вашето вистинско себе и се гледате низ очите на луѓето кои никогаш не ве запознале и имате големи тешкотии за снаоѓање при стресни и конфликтни ситуации.

Доколку се пронајдовте во некои од примерите, да, вие сте емоционално занемарено дете. Што може да се направи ако сте израснале на овој начин?

Научете се што можете за емоциите. Обрнете внимание на она што го чувствувате, кога и зошто. Набљудувајте ги чувствата и однесувањето на другите. Слушнете како другите луѓе ги искажуваат своите емоции, и почнете со вежбање на себе. Размислете кој би можел да ви помогне. Зборувајте за своите чувства со некој кому му верувате, брат, сопруга, пријател.

Ослободете се од лажните пораки во вашата глава. Кога „гласот“ од вашето детство се јавува, не го слушајте и заменете го со свој „Не сум мрзелив, имам анксиозност и се обидувам да се соочам со тоа; Јас не сум слаб; Моите емоции ме прават посилен“.

Возрасни сте и мора да престанете да фантазирате за новите родители кои ќе ве спасат. Реалноста е дека мора да развиете сопствени вештини и да се обидете да го научите сето она кое вашите родители не ви го дале или покажале.

Поддржете ја нашата работа:
Ви благодариме за секоја ваша поддршка и донација