Ефектите на ЛСД врз мозокот

За прв пат досега, научниците од Велика Британија направиле слики од ефектите што ги има ЛСД – една од најмоќните дроги досега направени, врз човечкиот мозок. Сликите се направени со три различни техники на снимање.

Овие слики не само што откриваат дека овој моќен халуциноген активира делови во целиот мозок (а не само визуелниот кортекс како што се мислеше досега), туку и дека регионите кои обично се одвоени, под дејство на дрогата почнуваат да испраќаат сигнали едни на други, со цел да ги засилат ефектите.

Експериментот го предводел Дејвид Нат, професор по невропсихофармакологија на Кралскиот колеџ во Лондон, кој во 2009 година добил отказ поради неговата критика за построгите закони за канабисот.

Заедно со својот колега Робин Кархард-Харис, Нат регрутирал 20 здрави волонтери кои се согласиле за научни цели еден ден да примат 75 микрограми– или 0,075 милиграми ЛСД, а другиот ден плацебо.

drugs-scansКако што може да се види на сликите, ефектите од дрогата можат да се забележат низ целиот мозок, а врските помеѓу регионите се драматично изменети.

Истражувачите откриле дека визуелната обработка кај учесниците веќе не е само ограничена на визуелниот кортекс – туку и дека различни региони придонесуваат за тоа што го „гледа“ учесникот, што е многу чудно, со оглед на тоа дека нивните очи биле затворени.

„Забележавме промени во мозокот под дејство на ЛСД  кои сугерираат дека нашите волонтери „гледаат со затворени очи“ – иако тоа се слики од нивната имагинација, а не од надворешниот свет. Видовме и дека под дејство на ЛСД, многу повеќе области од мозокот, отколку што е нормално, придонесуваат за визуелната обработка и покрај тоа што очите на волонтерите им беа затворени“ – објаснува Кархард-Харис

Покрај тоа, регионите во мозокот кои обично не испраќаат сигнали помеѓу себе, наеднаш почнуваат да се поврзуваат, додека регионите кои обично формираат мрежа се разделуваат.

Со ова би можело да се објасни зошто ЛСД се поврзува со интензивни слики, слични на сон и чувство на „заедништво“ со Универзумот, но исто така и губење на личниот идентитет, познато како „его смрт“.

„Нормално нашиот мозок се состои од независни мрежи кои вршат посебни специјализирани функции, како што се гледање, движење и слушање, како и многу покомплексни работи како што е вниманието. Но, под дејство на ЛСД, посебноста на овие мрежи се распаѓа и наместо тоа се гледа интегриран или унифициран мозок“- вели Кархард-Харис.

lsd ego1Истражувачите велат дека  е многу важно добро да се разберат исклучително интензивните и уникатни ефекти што ги има ЛСД врз мозокот, бидејќи без тоа не може да се утврдат потенцијалните терапевтски ефекти на психоделичните дроги за лицата со психијатриски пореметувања, како што се депресијата и зависноста, или можеби дури и за астмата.

„Ова откритие за невронауката е исто што и Хигсовиот бозон за физиката“- вели Нат за „The Guardian“.

Резултатите од истражувањето се објавени во „National Academy of Sciences“.

Поддржете ја нашата работа: