Оние кои се родени од родители со различни генетски основи имаат тенденција да бидат повисоки и да имаат поизострени вештини за мислење, покажа огромната меѓународна студија.
Истражувачите ги анализирале здравствените и генетските информации од повеќе од 100 студии спроведени во целиот свет. Тука спаѓаат детали за повеќе од 350.000 луѓе од урбаните и руралните заедници.
Тимот откри дека поголемиот генетски диверзитет е поврзан со зголемување на висината. Исто така е поврзан со подобри когнитивни вештини, како и повисоките нивоа на образование.
Меѓутоа, генетската разновидност немала влијание на факторите како што се нивото на висок крвен притисок или холестерол, кој влијае на шансите за развој на срцеви заболувања, дијабетес и други сложени состојби на една личност.
Истражувачите од Универзитетот во Единбург целосно го анализирале генетскиот состав на поединците. Почетна точка за утврдување на степенот на разновиднодт им биле луѓето кои наследиле идентични копии на гените од двајцата родители – индикатор дека нивните предци биле поврзани.
Наодите укажуваат на тоа дека со текот на времето, еволуцијата фаворизира зголемен раст и поголема острина на размислување кај луѓето, но не влијае на нивната склоност за развој на сериозна болест.
Студијата е објавена во списанието „Nature“ и е финансирана од страна на Советот за медицински истражувања.
Оваа студија ја нагласува моќта на големите генетски анализи за да се откријат основните информации за нашата еволутивна историја.
Авторите велат дека ова истражување одговара на прашањата на Дарвин за придобивките од генетската разновидност. Следен чекор е лоцирање на специфични делови на геномот кој има најголема корист од разновидност”.