Гените и сезонскиот имунитет

Научниците од Универзитетот во Кембриџ се обидуваат да објаснат зошто одредени состојби, како што се болестите на срцето и ревматоидниот артритис се влошуваат во текот на зимата, додека луѓето имаат тенденција да бидат поздрави во текот на летото.

Истражувањето, објавено во магазинот „Nature Communications“, покажува дека активноста на речиси една четвртина од нашите гени (5.136 од 22.822 тестирани гени) се разликува во зависност од годишното време. Некои од нив се поактивни во текот на зимата, а други поактивни во лето. Годишното време, исто така, влијае и на нашите имунолошки клетки и составот на крвта и масното ткиво (дебелината).

И досега беше познато дека разни болести, вклучувајќи ги и кардиоваскуларните, автоимуните болести како што се дијабетес тип 1, мултиплекс склероза и психијатриски нарушувања, се склони кон сезонски варијации. Сепак, ова е прв пат да се поврзат годишните времиња и имунитетот.

Меѓународниот тим анализирал примероци на крв и масно ткиво од над 16.000 луѓе кои живеат во двете, северната и јужната хемисфера, вклучувајќи ги Велика Британија, САД, Исланд, Австралија и Гамбија.

Истражувачите користeлe различни техники вклучувајќи опсервација на типови на клетки пронајдени во крвта и мерење на нивото на нивно изразување – за еден ген се вели дека е „изразен” кога е активен во одредени клетки или ткива, вклучени во производството на протеини. Тие откриле дека илјадници гени се изразуваат на различен начин во крвта и масното ткиво во зависност од периодот на земање на примероците.

Забележани се географски и етнички разлики. Сезонските гени покажале спротивставени активности во северната и јужната хемисфера. Сепак, моделот на сезонска активност не се одразил силно кај лицата од Исланд. Истражувачите шпекулираат дека ова може да се должи на речиси 24-часовна дневна светлина во текот на летото и речиси 24 часовната темнина во зима.

Ген од особен интерес бил „ARNTL“, со различна активност (поголема во лето, помала во зима). Претходните студии кај глувците покажаа дека во најмала рака, генот го потиснува воспалението – одговор на телото на инфекција. Доколку генот има иста функција кај луѓето, нивоата на воспаление ќе бидат повисоки во текот на зимата на северната хемисфера. Воспалението е ризик фактор кај голем број на болести, односно во зима оние кои се „ризична група“, најверојатно ќе го преминат прагот на толеранција. Лековите кои се насочени кон механизмите не би требало да ја зголемат ефикасноста за време на зимскиот период.

Особено изненадувачки наод е дека збирот на гените поврзани со одговорот на поединецот на вакцинација се повеќе активни во текот на зимата, посочувајќи дека некои програми за вакцинирање може да биде поефикасни ако се вршат во текот на зимските месеци, кога имунолошкиот систем е веќе „подготвен“.

Се’ уште не е јасен механизмот на сезонските варијации забележани во имунолошкиот систем, и покрај тоа што може да се должи на фактори од животната средина, како што се дневната светлина и температурата на околината. Биолошкиот часовник, односно деноноќниот ритам – делумно е координиран од страна на промените на дневната светлина, што објаснува зошто луѓето со работни места кои не се вклопуваат со дневниот циклус, како што се фабрички работници во смени, или екипи за долги летови, може да имаат нарушено здравје.

Поддржете ја нашата работа: