Гените рекоа: 17 жени, само еден маж

Низ светот, секои 17 оплодени жени пренесувале гени, кои меѓудругото се’ уште се тука, од само еден маж.

„Во тоа време не е забележано масовно умирање на мажите. Значи, биле присутни, но што правеле?“- се прашува Мелиса Вилсон Сајрес, биолог на Државниот универзитет во Аризона.

Друг член на истражувачкиот тим, биолошки антрополог,  претпоставува дека некако само неколку мажи акумулирале многу богатство и моќ, не оставајќи ништо за другите. Тогаш овие луѓе би можеле да  го остават нивното богатство на нивните синови, потхранувајќи го моделот на елитистички репродуктивен успех. По илјадници години бројот на машката репродукција во споредба со жените, воскресна. Можеби се повеќе мажи стануваат успешни. Во поновата историја, како глобален просек, се околу четири или пет жени на еден маж.

Графиците ја прикажуваат репродукцијата низ историјата. Мажи (лево), жени (десно).

Природната селекција формираше многу човечки особини. Етничките Африканци и Европејците мораа да се навикнат на млекото, на пример, додека повеќето етнички Тибетанци развија механизми за справување со пониските нивоа на кислород на големи надморски височини. Но, ако хипотезата на тимот е точна, тоа ќе биде еден од првите примери дека културата влијаела на човечката еволуција.

Тимот го откри овој репродуктивен јаз во односот маж-жена анализирајќи ДНК од 450 волонтери од седум региони на светот. Анализирани се  Y-хромозомот  и митохондријалната ДНК. Овие делови не сочинуваат голем дел од генетиката на една личност, но тие се специјални бидејќи Y-хромозомот луѓето го наследуваат  исклучиво од нивните машки предци, а митохондријалната ДНК исклучиво од нивните женски предци. Разновидноста на овие делови е показател на машките и женските предци на населението. Бројот на жените е секогаш поголем.

До тука генетиката ги има одговорите. Но се’ уште не знаеме зошто пред 8000 години овој сооднос мажи-жени е толку голем.

За понатамошно тестирање на идејата за богатство и моќ, истражувачите планираат анализа на други генетски маркери кои укажуваат на тоа дека нешто културно, не физички, ги држи мажите подалеку од репродукција.

Овие наоди во голема мера ја негираат популарната еволуциска идеја „преживување на најсилните“. Пред 8000 години се случило нешто чудно кое не афектира до денес.

Поддржете ја нашата работа: