Информација што нема никакво значење за интернет порталите во Р.Македонија поради фактот дека нашите веб сајтови не можат да заработуваат преку Гугл платформата бидејќи Гугл иако зема милиони евра од нашите компании кои се рекламираат преку него тој сеуште не го поддржува Македонскиот јазик и ги ускратува нашите медиуми од единствениот начин на финансирање – Рекламите.
Гугл „исклучи“ околу 200 веб страници од својата платформа за рекламирање, откако објави дека ќе ги најде и укине сите веб страници кои шират малвер и лажни вести минатиот ноември.
Најголемиот интернет пребарувач ја објави веста како дел од својот Годишен извештај за лажни објави и реклами, во кој компанијата ги опишува своите обиди за да се избори со измамите, малверите и другите штетни реклами во текот на годината.
Гугл сега избегнува да го користи терминот „лажни вести“, бидејќи „етикетата сега има повеќе значења“. Наместо тоа, претпочитаат да го користат терминот „погрешно претставена содржина“.
Компанијата неодамна го измени делот од нивниот правилник за рекламирање за да се совпаѓа со новата фраза.
Портпарол на Гугл рекол дека сите веб страници биле укинати поради оваа промена на правилата. Правилата ги забрануваат и веб страниците кои се активни во други активности, како порнографија, пиратерија и коцкање.
Секоја од овие страници сега е трајно блокирана од рекламирање на Гугл – што е сериозна казна со оглед на тоа што голем дел од веб страниците заработуваат исклучиво преку рекламирање.
Во соработка со: www.radiomof.mk