Храна која го чисти никотинот од вашето тело

Никотинот е една од најпознатите хемикалии кои предизвикуваат зависност, а луѓето со векови ја внесуваат во своето тело преку цигарите кои и покрај сите забрани за пушење, предупредувања за здравјето и научни докази за нивното штетно влијание, луѓето се’ уште ги пушат.

Никотинот е стимулант кој може да го блокира правилното функционирање на нервните и мускулните клетки. Но, со конзумирање на одредена храна, може да го исфрлите од организмот.

1. Брокула

1Брокулата содржи високо ниво на витамин Ц и Б5, а Ц и Б витамините се одговорни за регулирање на многу важни процеси во телото. Конзумирањето на брокула го одржува метаболизамот и ги заштитува белите дробови од токсини.

2. Портокал

2Никотинот предизвикува стрес на телото и го осиромашува нивото на витамин Ц, па со конзумирањето на портокали тоа се надополнува, а исто така и се намалува стресот и анксиозноста предизвикани од желбата за никотин.

3. Спанаќ

3Спанаќот содржи фолна киселина или витамин Б9, за кој е познато дека го отстранува никотинот од телото. Фолната киселина е исто така од суштинско значење во борбата со симптомите од повлекувањето на никотинот, со оглед на тоа што има витална улога во менталната и емоционалната добросостојба.

4. Ѓумбир

4Ѓумбирот може да помогне во ослободувањето на многу несакани симптоми предизвикани од пушењето и никотинот, меѓу кои ублажување на желбата за никотин, одржување на тежината и намалување на токсините во крвта. За целосен ефект, треба да се конзумира свеж. Најдобриот начин за да се ослободите од никотинот во вашето тело е да се откажете од цигарите, а ѓумбирот може да ви помогне во тоа.

5. Брусница

5Киселината во брусницата помага да се исфрли никотинот од телото побрзо од нормалното. Никотинот го зголемува нивото на шеќер во крвта, исто како и брусницата, па замената на цигарите со брусницата може да ја запре желбата за никотин ако се обидувате да се откажете.

6. Лимон

Lemon slices backgroundЛимоните се уште едно моќно оружје против никотинот. Ако пушите цигари, никотинот останува во вашето тело до 3 дена. Лимонот го зајакнува имунитетот и здравјето на кожата, а киселината и витамин Ц кои ги содржи помагаат со несаканите симптоми предизвикани од никотинот и пушењето.

7. Морков

7Редовните пушачи постојано го намалуваат нивото на витамин А и Ц, што доведува до оштетување на нервните клетки, циркулацијата и функционирањето на мозокот. Редовното конзумирање на моркови ќе го надополни нивото на витамини А, Ц и К при што ќе се зајакне природната одбрана на телото.

8. Калинка

8Пушењето го зголемува срцевиот ритам и крвниот притисок, а го намалува нивото на кислород во крвта. Во борбата со овие симптоми помага калинката која ја подобрува циркулацијата и му помага на телото да произведува повеќе црвени крвни зрнца.

9. Пченични никулци

9Пушењето цигари може да ги стесни крвните садови, па затоа треба да се конзумираат пченични никулци за да се добие доволно витамин Е и да се подобри еластичноста на циркулаторниот систем. Пченичните никулци исто така го намалуваат и ризикот од срцеви заболувања.

10. Кељ

10Кељот е природен извор на исотиоцијанати и други антиоксиданси кои помагаат во ослободувањето на наталожениот никотин, како и во борбата против ракот.

Поддржете ја нашата работа: